Нова награда за Kia Sportage

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпродаваните модели Kia, СУВ возилото Sportage ја освои наградата AutoPacific’s 2017 Ideal Vehicle Award (IVA) со највисока оценка во категоријата на компактни кросовере. IVA е второто признание на Sportage од AutoPacific, по наградата добиена претходно оваа година – награди за задоволство на возилата – Vehicle Satisfaction Awards (VSA).

Проучувањето на AutoPacific се базира на мислењето на повеќе од 54.000 сопственици на автомобили во САД кои купиле нови возила во 2016 и 2017 година. Националното истражување се фокусира на 15 клучни категории кои сопствениците би сакале да ги сменат во возилото – возење, внатрешен простор, безбедност, моќ и забрзување, технологија. Моделите кои добиваат најмалку жалби заземаат врвни позиции во нивните категории.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK