Ништо од најавите за четири врати – Audi TT само во купе изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само некоја недела германските медиуми брифираа за цврстите планови и намери на Audi да лансира четиривратна изведба од TT, сега сите тие планови и шпекулации добија разврска.

Како што потврди директорот за комуникации на Audi, Петер Оберндорфер, германскиот производител ги отфрлил сите планови за производство на оваа изведба. Тој додаде дека на моделот TT не одговара изведба со четири врати бидејќи со тоа ќе се наруши целосниот спортски изглед и имиџот изграден изминатите децении.

Во својата изјава, Оберндорфер обелодени и дека не е планирано ниту спортска изведба од моделот А1 бидејќи платформата на овој модел не може да поддржи S1 верзија, а при тоа инвестицијата ниту е исплатлива ниту технички изводлива.

Инаку моделот TT за прв пат беше лансиран од страна на германскиот производител во 1998 година и веднаш прерасна во спортска икона на овој бренд. Последната и трета генерација Audi ја лансираше во 2014 година како најдобар одраз на дизајн и спортски карактер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK