Македонија на 56. позиција според извозот на делови за автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Иако полека се започнува со обработка на податоците за деловната 2018 година, Central Intelligence Agency базирајќи се на своите истражувања објави список на најголеми извозници на делови за автомобилската индустрија.

Во своето истражување објавено во минатата календарска година, Македонија се наоѓа на солидната 56. позиција од рангирани 200 земји од светот. Вкупниот извоз за 2017 година изнесува 94,3 милиони американски долари што ја рангира земјата пред Грција, Украина, Израел, Нов Зеланд, Иран, Кипар и многу други земји.

Најголем извозник од регионот е Хрватска со извоз во вредност од 226,2 милиони евра. Две позиции зад Хрватска односно на 48. позиција со вредност на извозот од 210,9 милиони евра се наоѓа Србија. Босна и Херцеговина се наоѓа на 53. позиција додека нашиот источен сосед Бугарија една позиција пред нас со вредност на извозот од 124,2 милиони долари.

Вкупно 16.2% од вкупниот извоз продуцира Германија што во апсолутна бројка изнесува 62,5 милијарди американски долари. На втората позиција се наоѓа САД со извоз од 44,9 милијарди додека на третата позиција е Јапонија со 34,5 милијарди долари. Од 4. до 10. позиција се наоѓаат уште и Кина, Мексико, Јужна Кореа, Франција, Чешка, Италија и Полска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK