Колапс на британската авто индустрија – произведени само 197 автомобили во април

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот предизвика вистински колапс на британската автомобилска индустрија. Според официјалните податоци за производството за април, производството се намалило за 99,7%.

Така во април годинава произведени се само 197 автомобили, од кои 45 биле наменети за домашниот пазар, а 152 за извоз. Само за споредба во април 2019 година вкупното производство изнесувало 70.971 возило.

“Потребно е владата да работи со нас за поддршка на опоравувањето на вој сектор, стимулирајќи ги инвестициите и обезбедувајќи ги работнитеместа” изјави Мајк Хоуес, првиот човек на SMMT (Society of Motor Manufacturers and Traders).

Се очекува и во минатиот месец, мај, производството да е на ниско ниво, а враќањето во нормала се очекува од август месец.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK