Кој е најдобар службен автомобил – Opel Corsa!

ОБЈАВЕНО НА:

Читателите на Auto Bild го избраа службениот автомобил на годината по втор пат. Избираа од возила во седум категории, од мали и компактни автомобили до луксузни автомобили и плаг ин хибриди. Оваа награда доаѓа во категоријата на мали автомобили.

Сите сакаат да возат службен автомобил. Тој е најдобриот бидејќи не ги плаќате трошоците за одржување и гориво. Но, оние што имаат постојан апотреба од службен автомобил сакаат истиот да биде добра, најдобар. Но, кој е најдобриот? Германскиот магазин Auto Bild го постави ова прашање и читателите на списанието одговориле: новата Opel Corsa.

„Малиот“ Германец е изгласан за „Компаниски автомобил на годината“ во категоријата на мали автомобили. Ова е прва награда од медиум што ја освои шестата генерација на Corsa, која беше претставена на меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во септември.

„Заедно со Astra, моделот Corsa е нашиот најважен модел во Европа“, рече Харалд Хампрехт, потпретседател за комуникацијата на Opel на доделувањето на наградата „Компаниски автомобил на годината“ во Берлин. „Опел ја прави достапна мобилноста веќе 120 години. Ние ги правиме пионерските технологии достапни за секого. Тоа е она за што се залагаме, тоа е она што се залага и новата Corsa, а нашите клиенти го ценат тоа – особено во областа на компаниите“.

Во зависност од верзијата, Opel Corsa (која собра 22 % од гласовите за „Компаниски автомобил на годината“) е идеална за поединци и двојки, како и за возачи на автомобили во рамките на компанијата и за семејства. Околу 14 милиони единици произведени за 37 години го докажуваат тоа. Corsa за прв пат се приклучи во понудата под модело Kadett во 1982 година. Corsa А, која првично беше замислена за купувачи кои прв пат купуваат возило и за оние со економичен буџет, стана бестселер, достигнувајќи продажба од 3,1 милиони до 1993 година. Шестата генерација на практичната, стилска и динамична Corsa ја имаше својата премиера на меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во септември 2019 година. За прв пат е достапна и целосно електрична верзија. Corsa-e е идеално опремена и за секојдневно возење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK