vozila na zaliha

Кои автомобили се најпродавани во светот годинава?

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓу десетте најпродавани возила во 2017 година кај половина е забележан пад во побарувачката во однос на лани, а најголем скок има моделот VW Tiguan кој скокна 15 места и од 22 се искачи на седмото место со раст од 40,3 отсто. Податоците за продажбата доаѓаат од агенцијата Focus2Move и се однесуваат за периодот јануари – септември 2017.

Лидер останува Toyota Corolla иако бележи пад од 5,5 отсто во однос на лани. Сега продажбата е 930.747 возила, во споредба со лани која беше близу еден милион (992.310)
На второ место, со раст од 9,5 % во реализацијата, со 797.899 возила, се наоѓа Ford F-Series, а на трето место е Volkswagen Golf со пад од 6.9 % во продажбата, односно 717.751 единици.

Топ 10 најпопуларни нови модели за првите девет месеци од 2017 година:
4. Honda Civic- + 25,2% – 618.108 возила
5. Toyota RAV4 + 13,7% – 607.572
6. Honda CR-V + 1.7% – 577.786
7. Volkswagen Tiguan + 40.3% – 507.756
8. Volkswagen Polo -4.9% – 503.815
9. Ford Focus – -8,3% – 501.058
10. Toyota Camry – -2,8% – 482.672

Следете не и на:

24AUTO NETWORK