Како во Софија се справуваат со загадувањето: Нема регистрирање возила со неисправен катализатор

ОБЈАВЕНО НА:

Загадувањето на воздухот не е проблем само на Скопје и Македонија, а како дел од загадувачите секако се посочуваат и старите возила. И додека во Македонија се размислува за воведување на налепници за возилата со кои ќе се знае кое возило колку загадува, во соседна Бугарија веќе се преземаат конкретни мерки. Нема дозвола за прва регистрација на возилата што нема да го минат тестот за загадување, односно ќе се утврди дека имаат неисправен катализатор.

Правилото стапи на сила од 4 јануари годинава и се однесува на сите автомобили што за првпат треба да се регистрираат во Софија. Во градот има седум анализатори на системот за издувни гасови кај автомобилите. Ако некое возилотне ги исполнува критериумте нема да добие дозвола да биде регистрирано.

Првиот месец секој возач ќе може бесплатно да провери колку неговото возило испушта гасови и дали тие се во согласност со прописите. Според анализите на експертите дури 60 отсто од загадувањето со ПМ честички во Софија се должи на автомобилскиот сообраќај. Истражувањето што било направино заедно со шпанска лабораторија покажало дека околу 7 % од автомобилите придонесуваат за 1/4 од загадувањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK