Hyundai затвори фабрика во Ј.Кореја поради работник заразен од коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai затвори фабрика во Јужна Кореја, откако едeн работник беше позитивен на тест за коронавирус. Затворената фабрика е во Улсан, каде се произведуваат разни СУВ автомобили на корејскиот производител на автомобили, вклучувајќи ги Santa Fe, Tucson, Palisade и неодамна промовираниот Genesis GV80.

Производителот на автомобили, исто така, ги ставил и колегите кои биле во контакт со заразениот работник во само-карантин и преземала мерки да ги тестираат за вирусот.

Hyundai не потврди кога фабриката повторно ќе се отвори, додавајќи само дека тие го дезинфицираат објектот. Корејскиот производител на автомобили има пет фабрики во Улсан со годишен производствен капацитет од 1,4 милиони возила, или 30 проценти од нивното глобално производство. Улсан е најголемиот автомобилски комплекс во светот, а Hyundai вработува 34.000 работници.

Улсан е оддалечен помалку од еден час од Даегу, епицентарот на земјата од избувнувањето н авирусот. Во моментот Јужна Кореја има најмногу случаи на коронавируси надвор од Кина, при што најновиот вкупен број заразени лица е над 2.000.

Samsung исто така, мораше да затвори една од своите фабрики за телефони во земјата во текот на изминатиот викенд, по откритието на работник кој бил заразен од вирусот, но тие го продолжија производството во понеделникот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK