Ford се откажува од бензински и дизел мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Како прв чекор, компанијата планира да ги префрли трошоците од развој на бензински мотори на електричен и хибриден погон.

Американскиот произведувач на автомобили Ford објави новата стратегија за иднината, која го исклучува производството на дизелски и бензински автомобили.  Постепено компанијата ќе се фокусира на своите камиони и на производството на нови електрични и хибриди модели.

Џејмс Хакет, главниот извршен директор на Ford Motor, изјави дека се планира да се заштедат 14 милијарди долари преку намалување на трошоците, пишува „Гласот на Америка“. Компанијата ќе го направи тоа преку запирање на производството на некои модели на автомобили и преку пренасочување на ресурсите кон камиони, SUV и електрични возила.

Хакет, кој ја презеде должноста во Ford во мај оваа година, во вторникот се сретна со околу 100 инвеститори во Њујорк, за да се претстават плановите за иднината. Тој рече дека ако компанијата стане пофлексибилна, тоа ќе и помогне да се справи со промените, со кои се соочува автомобилската индустрија.

Хакет и неговиот тим го имаат поминато летото во преоценувањето на операциите на Ford, откако поранешниот директор Марк Филдс беше отстранет од функцијата. Хакет патуваше до Русија и Турција и ги посети фабриките на компанијата во Северна Америка, како дел од проверката. Тогаш тој коментираше дека е импресиониран од најталентираните вработени кои Ford ги собра, но сака да ги обнови фабриките, како и да се забрза развојот на производи и процесот на донесување одлуки.

Ford исто така, планира да ги намали трошоците за инженерска дејност во износ од 4 милијарди долари. Ова ќе се случи преку воведување на помалку прототипови и намалување на времето за развој на производ. Компанијата планира да скрати една третина од своите трошоци за развој на мотори и да ја пренасочи кон електрични и хибридни возила. Предвидено е претставувањето на 13 нови електрични и хибриди во следните пет години, вклучувајќи и на мал електричен SUV во 2020 година

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK