FCA во преговори за продажба на Magneti Marelli

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles веќе подолго време се обидува да ја продаде компанијата за производство на компоненти за автомобилската индустрија Magneti Marelli.

Официјални лица на FCA во моментов се во постојани преговори со KKR&Co (Kohlberg Kravis Roberts), а во јавноста не се пласираат многу информации околу текот на преговорите. FCA ја проценуваа оваа компанија на 6 милијарди евра, пари што очекува да ги добие од идниот купувач. Вол Стрит веќе се обиде да добие коментар од американската компанија KKR&Co, но од таму ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа зделка.

Претходно интерес за оваа компанија изрази и Samsung, а во моментов интерес има и од Bain Capital, Apollo Global Management како и неименувана азијска компанија за производство на делови за автоиндустријата.

FCA се реши за продажбата на оваа профитабилна компанија пред се со цел да обезбеди прилив на средства со кои ќе се финансира имплементацијата на новата развојна стратегија, но и со цел да се фокусира исклучиво на производството на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK