Две награди за VW: Golf и ID.3 победија во своите категори на Автомобилот на годината во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот пазар важи за еден од најважните во Европа, па оттаму она што таму се случува секогаш е предзнак за некоја нов тренд. Така е и кога станува збор за наградите. Германското жири за Автомобил на годината 2021 им додели две награди на моделите на Volkswagen.

Новиот Golf ја освои наградата во класата на компакти со цена до 25.000 евра, а моделот ID.3 беше награден со прво место во премиум сегменто со цена до 50.000 евра.

Во изборот учествуваа 72 нови модели поделени во пет категории: компактни воизла со основна цена до 25.000 евра, премиум модели со основна цена до 50.000 евра, поексклузивни возила со сегментот на луксузни возила со основна цена над 50.000 евра, возила со алтернативен погон (нови енергии) и спортски возила.

Во финалето се пласираа: Volkswagen Golf, VW ID.3, Polestar 2, Honda E i BMW Alpina B3.
Победникот ќе биде познат на 16 ноември 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK