BMW продаде над 2 милиони возила за девет месеци

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот на октомври, BMW Group постигна рекордна продажба за 2017 година од над 2 милиони автомобили. Ова е првпат во историјата да биде надмината ваква бројка после десеттиот месец во годината. Нивото кое е достигнато е 2.008.849 автомобили што е зголемување на продажбата за 3,4 проценти во однос на истиот период од 2016 година.

Во октомври бил забележан пораст од дури 63,7 проценти, а постигнатиот резултат е на ниво од повеќе од 78 илјади автомобили. Побарувачката за електричните модели на BMW I, BMW iPerformance и MINI Electric е зголемено за 60,3 проценти (9405 автомобили), додека на i3 е за 20,3 посто (2851 автомобил)

„И покрај тоа што развојот на некои од нашите најголеми пазари не одеше како што посакувавме, сепак, успеавме да продадеме повеќе од два милиони автомобили во првите десет месеци од годината. Тука станува збор за автомобилите како BMW X1, 5 Series, 7 Series и i3, кои се клучни за нашиот пораст“, вели членот на управувачкиот борд на BMW AG, Јан Робертсон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK