Заради финансиски малверзации: Уапсен Карлос Гон шефот на Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонската автомобилска корпорација Nissan Motor Co. потврди дека претседателот на Советот на директори Карлос Гон е уапсен денеска во Токио поради наводни финансиски малверзации. Исто така Гон, кој е авторитет во индустриската индустрија, ќе биде отстранет од компанијата, по закажана средба во четврток на Одборот на директори.

“Алијансата меѓу трите компании – Renault, Nissan и Mitsubishi Motors, нема да биде засегната од овој настан”, вети Хирото Саикава на прес-конференција во седиштето на групцијата во Јокохама, во близина на Токио. “Сепак, за Renault, последиците ќе бидат значајни”, додаде Саикава.

Тој потврди дека Гон е уапсен откако бил испрашуван од обвинители по пристигнувањето во Јапонија денеска. Компанијата од Јокохама посочи дека наводни финансиски нарушувања за милиони долари биле направени од Гон и друг шеф на автомобилска компанија, и се откриени при едномесечна истрага, иницирана по доставена информација.

Nissan прецизира дека обезбедува информации на обвинителството и соработува со истрагата. Саикава прецизира дека постојат три главни неправилности, меѓу кои декларирање на пониски приходи, користење на инвестициони средства за лична корист и незаконско користење на трошоци на компанијата.

Тој вети дека ќе ја зајакне менаџерските структури на компанијата, додавајќи дека до проблемот може да дошло, бидејќи кај еден човек била центрирана премногу власт.

Гон потпиша договор претходно оваа година до 2022 година Платата му е висока според умерените јапонски стандарди за директорски плати, и беше проблем во текот на годините. Според агенција Кјодо и телевизија Ен Ејч Кеј Гон заработил речиси 10 милијарди. Јени (89 милиони долари) за период од пет години до крајот на март 2015 година, вклучувајќи плата и други примања од компанијата, но пријавил само 5 милијарди јени (44 милиони долари).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK