Акционерите тријат раце – 35% поголема дивиденда

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Групацијата оствари одличен финансиски резултат минатата година зголемувајќи го оперативниот профит за 22%. Тоа значи дека минатата деловна година, најголемиот германски прозиводител оствари оперативен профит во висина од 17 милијарди евра.

Најголема корист од овој одличен перформанс ќе имаат акционерите во Групацијата чија дивиденда се очекува да се зголеми за 35%.

Управниот одбор на Volkswagen предложи дивиденда во висина од 6,5 евра по акција што е значително зголемување во однос на претходната година.

Дополнително, аналитичарите сметаат дека во 2020 година, компанијата ќе забележи зголемување на оперативните приходи од 6,5% до 7,5%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK