Без кожа во електромобилите на Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред извесно време Volvo Cars објави дека целосно новата (100%) електрична пазарна понуда на брендот – C40 Recharge, ќе биде првиот автомобил од брендот во кој нема да се користи кожа, а сега се најавува дека материјалот ќе биде исфрлен целосно од понуцата.

Промената во ентериерот ќе биде воведена етапно, а секој следен нов автомобил на Volvo Cars нема да се нуди во кожа во внатреШноста или кожени апликации.

Целосната трансформација се очекува да биде завршена до 2030 година, кога моделната понуда на компанијата ќе вклучува екслузивни модели со електричен погон.

Од Volvo Cars си имаат поставено цел до 2025 година, 25 проценти од користените материјали во автомобилите да бидат рециклирани или на био основа. Следејќи ја стратегијата за климатска неутралност од компанијата поставија за цел до 2025 година сите нејзини директни доставувачи , да користат обновливи извори на енергија за нивните активности.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK