Bentley започна со испорака на хибридниот Bentayga

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузниот Британскиот производител на ултра луксузни автомобили Bentley го започна со испораката на првите хибридни верзии од моделот Bentayga.

Bentley Bentayga Hybrid е првиот plug-in хибриден модел кој го претстави британскиот производител. Располага со основен 3.0 литарски V6 бензински мотор како и електро мотор. Заедно продуцираат максимални 443 КС.

Според претходно објавените технички карактеристики, до 100 км/ч ќе забрзува за само 5.2 секунди додека пак максималанта брзина е ограничена на 254 км/ч.

Инаку со оваа хибридна верзија започнува реализацијата на новиот стратешки план за хибридни и електрични автомобили на Bentley. Така до 2023 година предвидено е да бидат електрифицирани сите модели од понудата, а целосно новиот електричен автомобил ќе биде претставен во 2025 година.