Bentley со шест специјални верзии од Bentayga за Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Специјално за рускиот пазар, Bentley објави дека ја лансира специјалната Speed Russian Heritage верзија на моделот Bentayga. Се работи за ултра луксузен автомобил кој во целост ги пречекува специфичните вкусови на “разгалените” руски милијардери.

Ќе бидат изработени вкупно шест примероци, а секој од нив има свој назив и тоа: Adagio, Allegro, Arabesque, Fouette, Pirouette и Royal.

Моторот останува ист па така оваа специјална верзија располага со 6,0 литарски W12 twin-turbo мотор кој продуцира неверојатни 635 КС и 900 Nm. Со овој мотор максималната брзина која може да ја постигне изнесува 306 км/ч, а до стотка забрзува за само 3,9 секунди. Составен дел од оваа специјална верзија е осум степениот автоматски менувач, 10,9 инчниот екран осетлив на допир, ергономски кожни седишта со воздушно потпирање, 22 инчни алуминиумски тркала…

Британскиот производител не ја соопштува цената, нарачките може да се прават, а првите примероци се очекува да бидат испорачани кон крајот на оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK