Bentley го претстави најбрзиот SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Ултра луксузниот британски бренд Bentley го претстави најбрзиот SUV возило во светот. Bentayga Speed во наредниот период ќе го носи епитетот најбрз SUV постигнувајќи брзина од 305 км/ч што е за 0,8 км/ч побрзо од претходниот рекорд кој го држеше Lamborghini Urus.

За да го постигне овој супериорен резултат, под хаубата овој SUV располага со twin-turbo 6.0 литарски V12 мотор со моќност од 626 КС и 900 Nm. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3.9 секунди, а споредбено со основната изведба оваа е помоќна за 26 КС и до 100ка забрзува за 0.2 секунди побрзо.

Интересно е што и претходниот и сегашниот сопственик на брзинскиот рекорд, Lamborghini Urus и Bentley Bentayga се дел од Volkswagen Групациајта со што само се потврдува ориентираноста и посветеноста на германската мултинационална компанија кон брзите спортски автомобили.

Без многу разлики во поглед на основната изведба, Speed изведбата на Bentayga премиерно ќе биде претставена на саемот за автомобили во Женева следниот месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK