Автономните автомобили не се безбедни

ОБЈАВЕНО НА:

Модернизацијата на автомобилите води кон тоа тие да имаат голем број на интелигентни системи и да можат сами да управуваат и да превезуваат од една до друга локација, но одредени истражувања покажуваат дека не е така безбедно.

До ваков заклучок успеале да дојдат научниците од Институтот за интелигентни системи во Минхен, каде што се обидувале да дојдат до заклучок за високотехнолошките системи на автономните возила. Поконкретно станува збор за специјална потпора од светли бои, која го прави невозможно забележувањето и разликувањето.

Тоа предизвика тотална забуна на системите, при што автомобилот може да излезе од патот или неочекувано да запре. Научниците ги споредуваат колапсот на автономните системи со епилептичен напад кај луѓето.

Ова откритие нанесува нанесува сериозен удар на автономните возила, кои се сè поблизу до исполнување во реални услови. Проблемот на овие системи е во нивното неосвршенство, а тоа го тврдат научниците и ги повикуваат инженерите, кои ги развиваат автономните возила да насочат сериозно внимание бидејќи слични напади можат многу лесно да предизвикаат и последици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK