Автономниот Jaguar I-Pace низ улиците на Дубаи

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar Land Rover објави дека специјалната прототип верзија на меѓународно признатиот, вклучувајќи ги и наградите Светски автомобил на годината 2019 и Автомобил на годината 2019 во Европа, JAGUAR I-PACE минал успешни тестирања за автономен режим на управување низ улиците на Дубаи.

Ажурираната верзија на JAGUAR I-PACE, чија опрема е дополнително развиена со дополнително опремување и карактеристики за регистрација на возила во лентата, нивно заобиколување и можност за избегнување на пречка, била избрана за учество во Dubai World Congress и поради еколошката идеја поврзана со целосно електричниот погонски систем.

Специјално подговениот I-PACE располага со радари и камери, систем за препознавање на семафори и други знаци и е способен а автономно статување и забрзување, како и за следење на однапред одредена рута.

Jaguar I-PACE е развиен од самиот почеток како електричен автомобил, и нуди решителен аеродинамичњн дизајн и внатрешно пространство за петмина и нивниот багаж.

Движењето  е на четири тркала со помош на два електромотори изработени од компанијата со моќност од 400 коњски сили и вртежен момент од 696 Нм. Литиум-јонската батерија на електромобилот е со капацитет од 90 kWh и ветува автономно возење од 480 километри.

Со уникатна алуминиумска конструкција за врвна моќност на купето и со распределување на масата од 50:50, I-PACE нуди можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди. Располага со систем за брзо полнење, кој гарантира полнење од 0 до 80% за 40 минути и 100 километри возење за 15 минути.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK