Автомобилската индустрија во нови големи проблеми

ОБЈАВЕНО НА:

Ако минатата година автомобилската индустрија беше пред голем предизвик поради глобалната пандемија на коронавирусот, оваа година, покрај притисокот на пандемијата која сеуште е актуелна, автомобилската индустрија се соочува и со друг поголем проблем.

Побарувачката полека се стабилизираше, но недостатокот на компоненти кои се користат во производството е главната причина за прекин или намалување на обемот на производство на многу производители.

Тука пред се станува зборот за недостатокот на чипови. Поради овој проблем, бројни производители го намалија производството или целосно прекинаа во одредени фабрики. Такви производители се Volkswagen, Skoda, SEAT, Honda, Nissan, Kia, Hyundai, Fiat, а последниот во низата производител е GM.

Американскиот производител објави дека го намалува производството во четири фабрики во Северна Америка и тоа фабриките во: Ферфакс, Канзас, Ингерзол и Сан Луис Потоси.

Надеж за стабилизирање на производството дава компанијата TSMC од Тајван која приоритетно го зголеми производството на автомобилски чипови, а работи и на трајно зголемување на капацитетите. Сепак ова, може да придонесе и до зголемување на цената на чиповите, а со тоа и поскапување на цените на новите автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK