Автомобилот на Sony веќе на улица во сообраќај

ОБЈАВЕНО НА:

Sony минатата година позитивно ја шокираше светската јавност откако го претстави својот концепт на електричен автомобил именуван како Vision-S.

Автомобилот беше претставен на саемот за електроника (CES) во јануари минатата година, а по неколку месеци јужнокорејскиот производител потврди дека овој автомобил нема да се најде во сериско производство.

Сепак, година подоцна Sony објави видео од тестирањето на овој модел во Австрија, во зимски услови, што придонесе за повторно да се појават шпекулации за можно сериско производство и покрај тоа што од Sony ги демантираа овие намери.

Sony Vision-S е опремен со 33 сензори вклучувајќи и CMOS сензори и најразлични радари поставени на надворешноста и во внатрешноста кои имаат за цел да детектираат и распознаваат луѓе и други објекти.

Тука е и 360 Reality Audio системот кој овозможува 360 степен звук во кабината. Јапонскиот производител наведува дека овој автомобил има второ ниво на автономија.

Во развојот на овој концепт, Sony соработуваше со Bosch, Continental, NVIDIA и Qualcomm.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK