Автобус Mercedes Citaro CNG на „пробна работа“ на скопските улици

ОБЈАВЕНО НА:

Една од заложбите на градот Скопје е да се намали загадувањето на воздухот, а дел од мерките е и користење на еколошки превозни средства. Во следните два месеци пробно по улиците на градот ќе сообраќа автобус на гас. Станува збор за енергетски ефикасен автобус од марката Mercedes наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас.

Автобусот ќе го користи Јавното Сообраќајно Претпријатие кое исто така има договор за пробно користење и на електричен автобус, и тоа во период од шест месеци.
Споредено со потрошувачката на старите дизел – автобуси, овој автобус на гас ќе троши речиси 50 отсто помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. А најголема предност на овој автобус е тоа што емитува значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

Градот годинава од Буџетот предвиде субвенции за набавка на еко автобуси во висина од 100 милиони денари за ЈСП и 20 милиони за приватните превозници.

Новиот пробен автобус Мерцедес Бенз ЦИТАРО ЦНГ испушта помалку издувни гасови од Еуро 6 моторите и со тоа загадувањето е сведено на минимум. Овој автобусот има систем за автоматско „клекнување” на возилото на автобуски постојки, сензори за светло и за дожд, приклучоци за полнење мобилни телефони, како и видеокамери за да се следи делот кај возачот и делот за евиденција на билетите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK