AutoBild ја најави новата генерацијa на Opel Mokka (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

AutoBild на својот интернет сајт објави видео од рендерот за можниот изглед на новата, втора генерација од Opel Mokka.

Актуелната, прва генерација, е лансирана во 2012 година и веќе подолго време се зборува за обновување на овој модел, но досега Opel не излезе со сериозни и официјални информации колу иднината на овој модел.

Затоа AutoBild пишува дека новата генерација ќе се појави следната година, а ќе се произведува во Шпанија и Кина. Под хаубата ќе може да се најде со три бензински (1.4, 1.6 и 1.8 литри) и два дизелски (1.6 и 1.7) мотори.

Во понудата ќе биде достапна и plug-in хибридна верзија.

Премиерата на овој автомобил се очекува на саемот за автомобили во Женева следната пролет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK