AutoBild ги додели наградите “Златен волан” – ова се сите добитници

ОБЈАВЕНО НА:

И оваа година најчитаниот авто магазин во Германија, AutoBild ги додели наградите “Златен волан” за најдобрите автомобили во повеќе категории.

За најдобар мал автомобил награден беше Audi A1 Sportback 30 TFSI. Златен волан доби и BMW Serie 1 M135i xDrive во категоријата на компактни автомобили, а во високата средна класа наградата припадна на Tesla Model 3.

Награди добија и Mazda CX-30 Skyactiv-D 1.8, Jaguar I-Pace (EV) и Audi e-tron 55 quattro (EV) во категориите на мал, среден и голем SUV.

За најдобар спортски автомобил награда доби Toyota GR Supra 3.0, а за најатрактивен беше избран BMW Серија 8.

Škoda Kamiq доби “Златен волан” за најдобар автомобил под 35 илјади евра додека за најдобар автомобил под 25 илјади евра доби Kia XCeed.