Аudi пушта А3 нa мeтaн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Аudi ја претстaви модификацијата на А3 Spоrtbасk, која може да работи и на природен гас и на метан. Продажбите на верзијата 30 g-trоn почнуваат во текот на оваа есен за цена од 30.700 евра.

Горивото се складира во три цилиндри, поставени во задниот дел од каросеријата. Собира четири килограми метан и се наоѓа под резервоарот за бензин, а две други од армиран полимер се под долниот дел на багажникот.

Вкупната количина на гас, се складира под притисок од 200 бари, и е доволно за поминување на 445 километри. Деветлитарскиот бензинов резервоар служи за стартување на моторот при ниски температури и за резерва доколку метанот биде потрошен.

Визуелно А3 Spоrtbасk 30 g-trоn e потполно идентичен со другите модификации. Единствената разлика е во обемот на багажникот чиј обем е намален од 380 на 280 литри.

Под предната хауба работи 1.5-литарски турбомотор со моќност од 131 коњска сила и максимален вртежен момент од 200 Нм, заедно со седумстепен роботизиран менувач. Забрзувањето до 100 одзема 9,7 секунди, а максималната брзина е 211 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK