Германскиот прозиводител Audi ќе организира концерт на солидарноста кој во живо ќе го пренесува на интернет.
Главна ѕвезда на концертот ќе биде виолинистката Лиза Батишвил која воедно е и уметнички директор на “Audi Summer” концертот. Покрај неа, учество ќе заземат и познатите музичари Максимилијан Хорнунг, Франсоа Лело, Сара Кристијан…
Концертот е закажан за вторник, 14 април со почеток од 20 часот. Истиот ќе се одржи во центарот на Audi во Инглоштад, а ќе биде директно прикажуван на audimedia.tv