Audi најавува шест RS модели

ОБЈАВЕНО НА:

Спортската дивизија на Audi најавува возбудлив период откако потврди дека ќе бидат претставени дури шест RS модели. Во таа насока претставена е и тизер фотографија на која се гледаат RS моделите паркирани едно до друго.

Судејќи по формата и димензиите, но и пишувањата на повеќето германски сајтови, воопшто не е тешко да се претпостават тие модели. Тука сигурно место ќе најдата RS Q3 Sprotback како и RS Q3 кои ќе дојдат со 2.5 литарски бензински мотор со турбополнач, а се очекува да продуцираат максимални 400 КС.

Тука е и RS7 Sportback кој под хаубата ќе дојде со 4.0 литарски BiTurbo V8 мотор со 600 КС, а засега, на ниво на шпекулација е и хибридната изведба со околу 700 КС.

Како ривал на останатите спортски германски модели, тука ќе биде и RS6 Avant, но и RS Q8 и RS4 Avant.

Се очекува промоцијата на овие модели да се случи на септемврискиот саем за автомобили во Франкфурт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK