Audi ќе има само автоматски менувачи

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно, мануелните менувачи ја губат трката со автоматските. По неколкуте производители кои објавија дека нивните нови модели ќе бидат достапни само со автоматски менувач, и германскиот производител Audi потврди дека нивните модели во САД ќе бидат достапни само со овој вид на менувач.

Според пишувањата на Car and Driver, германскиот производител од понудата во САД ги тргна и последните автомобили со мануелни менувачи. Станува збор за моделски изведби на A4 и A5 кој од следната година ќе бидат достапни само со автоматски менувачи. Причината за ова е се поголемата побарувачка на автомобили со автоматски менувач како и незаинтересираноста на американците за моделите на Audi со мануелен менувач.

Со ова Audi го следи германскиот конкурент Mercedes Benz кој од претходно од понуда ги отстрани моделските изведби со мануелен менувач. Така овој германски производител повеќе не ги нуди моделите SLK и SLC со мануелен менувач.

Засега нема информации дали и кога Audi во целост ќе ги отфрли мануелните менувачи од пазарот во Европа.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK