Audi E-Tron најпродаван нов автомобил во Норвешка

ОБЈАВЕНО НА:

Во Норвешка веќе две-три години најпродавани автомобили се оние на хибриден и електричен погон. Изминатите години најпродавани беа моделите Tesla S и Nissan Leaf.

Сега, Норвешка има нов владител во Audi E-Tron кој е најпродаваниот нов автомобил.

Официјалните податоци покажуваат дека Audi E-Tron сочинува 8,3% од вкупната продажба на нови автомобили. Тоа значи да во текот на целиот октомври Audi во оваа земја испорача 873 примероци од овој модел.

На втората позиција се наоѓа уште еден електричен автомобил и уште еден од Volkswagen Групацијата. Станува збор за електричниот Golf со продадени 748 примероци. Моделот 3 на Tesla во октомври имаше удел од 1,2%.

За разлика во октомври минатата година кога нешто над 50% од продадените нови автомобили беа електрични, во октомври оваа година се бележи пад и изнесува 35,7%.