Audi A7L фатен без камуфлажа

ОБЈАВЕНО НА:

Додека Audi ја најавува подновената верзија на моделот А7L, на интернет се појавија првите фотографии на овој автомобил и тоа без камуфлажа.

Екстерниот изглед не се разликува од втората генерација на основниот А7 модел кој е претставен уште во 2018 година. Најголема разлика се димензиите па оттука и она “L” како додавка во називот. Основната верзија е со должина од 4.969 мм додека А7L е со должина поголема од 5 метри и меѓуоскино растојание поголемо од 3 метри.

Токму поголемите димензии ќе донесат поголем простор, како за патниците на задната клупа така и во однос на багажниот простор. Во понудата на кинескиот пазар овој модел ќе се позиционира помеѓу A6L и A8L.

Светската, официјална премиера е закажана за 19 април за време на саемот за автомобили во Шангај. За време на премиерата ќе бидат познати и останатите технички карактеристики како мотористиката, но и почетната цена на овој автомобил кој ќе се продава исклучиво во Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK