Aston Martin со Vanquish Zagato ќе го напаѓа GTC4Lusso

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да ја збогати својата понуда, но и да одговори на конкуренцијата, британскиот производител Aston Martin подготвува т.н. Shooting brake изведба на Vanquish Zagato.

Овој автомобил кој индиректно е наследник на првиот Shooting brake модел на Aston Maritn, моделот Virage од 90-те години, ќе дојде на светската сцена како примарен конкурент на Ferrari GTC4 Lusso.

За овој модел не се открива многу. Она што може да се заклучи од фотографиите снимени за време на тестирањето на овој модел, екстериерно моделот црпи инспирација од концептот Vanquish Zagato објавен пред неколку години.

Покрај перформансите кои несомено дека ќе бидат на високо ниво, овој модел на италијанскиот супер автомобил ќе конкурира и со цената која е најавено дека ќе биде далеку пониска.

Сепак доколку сакате да бидете сопственик на овој автомобил ќе ви биде потребна многу среќа особено поради фактот што ќе бидат произведени само 99 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK