Argo Trekking за збогатување на понудата на Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat ја збогатува својата понуда, но не европската туку онаа во Јужна Америка. Станува збор за Trekking изведбата на моделот Argo која му додава потеренски карактер на овој мал SUV модел.

Тоа е така благодарение на повиоскиот клиренс за 40 мм па така сега тој изнесува 210 мм. Тука се и дополнителните заштитни елементи т.е. странични бампери, модифицираниот преден и заден браник, додатните кровни носачи како и “Trekking” ознаките на повеќе места на екстериерот на автомобилот.

Во понудата во Бразил овој модел доаѓа ос 1.3 литарски Firefly мотор со 101 КС, а во комбинација доаѓа со 5 степен мануелен менувач. Во текот на следната година понудата ќе се збогати и со автоматски менувач.

Fiat Argo Trekking

Во внатрешноста централно место зазема 7 инчниот инотејнмент систем со Apple CarPlay и Android Auto. Останатите елементи се идентични како и кај основната изведба, па така тука се клима уредот, серво управувачот со команди на истиот, електрично подигнување на стаклата, електрично подесување на ретровизорите, задни паркинг сензори и слично.

Fiat Argo Trekking

Овој модел е веќе достапен достапен во земјите од Јужна Америка и според плановите нема да биде дел од европската понуда. Инаку Јужна Америка, Fiat има значително изменета понуда отколку во Европа. Така тука се наоѓаат моделите Mobi, Uno, Argo, Cronos, Toro, Grand Siena, Weekend, Strada како и за нас познатите Doblo, Fiorinoo и Ducato.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK