Арапите вложуваат милиони во лимузината на Путин

ОБЈАВЕНО НА:

Арапите се воодушевени од автомобилот Aurus кој од пред речиси една година е службенo возило на рускиот претседател Владимир Путин. Доказ за тоа е интересот што го предизвика овој автомобил кој беше изложен во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во рамките на овој настан кој беше организиран од страна на руската компанија како и рускиот фонд за директни инвестиции, директорот на овој фонд, Кирил Димитриев ги претстави можностите за инвестиција во оваа компанија.

При тоа, Заид ел Нахјан, заменикот врховен командант на оружените сили на ОАЕ кој воедно е еден од принцовите наследници, лично имаше можност да се запознае со овој автомобил во чиј проект веќе инвестираше 110 милиони евра.

Ова е само иницијална инвестиција и според руските медиуми истата треба да се достигне износ од половина милијарда евра. Оваа инвестиција ќе ја искористат Емиратите да обезбедат дел од примероците кои веќе се произведуваат во Русија со што ќе го збогатат својот возен парк.

Инаку автомобилите Aurus се произведуваат од страна на Централниот научноистражувачки автомобилски и автомоторен институт  (НАМИ). Планираниот тираж е 300 возила годишно, а сите модели се опремени со 4.4-литарски V8 мотор со моќност од 600 коњски сили, електричен мотор-генератор и деветстепена автоматска трансмисија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK