Аpplе и Hyundаi нема да бидат партнери со Аpplе Саr

ОБЈАВЕНО НА:

Откако акциите на Hyundаi доживеаја пад од 20% на почетокот на оваа година, кога се тврдеше дека Hyundаi и Kiа равиваат проект за електрично автономно превозно средство со технолошкиот гигант Аpplе, во текот на тој месец акциите Hyundаi Mоtоr Grоup забележаа пад за уште 6% после новите гласини околу вкупниот проект на компаниите.

Од компанијата од Кореја побрзаа да ги разјаснат работите и да ги уверат инвеститорите дека добиле неколку прашања за да се приклучат на проектите насочени кон развој на автономно електрично возило, но сè уште преговорите се во рана етапа и не може да се каже апсолутно ништо.

И покрај тоа што порано од компанијата потврдија за вкупниот проект со Аpplе и развoјот на електрични автомобили до 2027 година, сега од компанијата потполно одрекуваат дека имаат такви разговори со американската комапнија, откако и од Аpplе објавија дека ќе пуштат свој сопствен автомобил на пазарот.

Сè уште не е јасна и точната ситуација околу автомобилот на Аpplе, кој најверојатно ќе користи технологии и батерии на американската компанија, но останува загатка платформата на која ќе биде направен автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK