Apple и Alibaba ќе бидат голема конкуренција за Daimler

ОБЈАВЕНО НА:

Apple и Alibaba се потенцијална голема закана за Daimler. Ова го изјави извршниот директор на Daimler за амеркинаскиот медиум CNBC. Според него одлуката за влез на Apple, Alibaba и Google во автомобилската индустрија ќе биде голема опасност, особено ако се одлучат да влезат во сегментот на електрични автомобили.

“Ќе биде голема конкуренција” изјави Ола Калениус. “Кога индустријата поминува низ трансформација, мислам дека е сосема природно да некои нови играчи гледаат на таа индустрија” додаде тој.

Оваа изјава доаѓа во време кога германскиот производител ја лансира електричната изведба на S класата. Тој за неа кажа дека е почеток на новата ера на Daimler. Калениус додаде и дека варијабилните трошоци за производство на автомобили со електричен погон се далеку поголеми од трошоците за производство на традиционален мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK