Американците тврдат: Воздушните перничиња за нозе се бескорисни

ОБЈАВЕНО НА:

Испитувањата направени за воздушните перничиња за нозе покажаа дека тие не даваат дополнителна заштита за патниците при несреќа. Дури во одредени ситуации можат и да го зголемат ризикот за повреда, гласат заклучоците од истрагата на IIHF (американски Институт за безбедност на патиштата.

Заклучоците е базирани на анализа на податоците собрани од сопствените краш тестови и статистиката за реални несреќи во 14 држави. Споредбата меѓу автомобили со и без воздушните перничиња за нозе покажува дека достапноста на воздушни перничиња го намалува бројот на повреди за околу пола процент од 7,9% на 7,4 што влегува во рамки на статистичка грешка.

Крaш тecтoвeтe нa IIHS пoкaжувaт, дека воздушните перничиња за нозе немаат никаков ефект при челен судир од среден степен на преклопување, а при лесен опасноста од повреда на нозете се зголемува.

Во исто време овој тип на воздушни перничиња го ограничуваат движењето на долниот дел од телото при удар, а покрај тоа го намалуваат и притисокот над градниот кош и ременот, а оттаму го зголемуваат ризикот за повреди на главата.

Заклучоците на IIHS го актуелизираат прашањето зошто производителите продолжуваат да ги опремуваат автомобилите со воздушни перничиња за нозете. Од Институтот велат дека автомобили со такви воздушни перничиња ги покриваат федералните стандарди за безбедност на патници без ремен, додека краш тестовите задолжително се спроведуваат со користење на кукли.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK