„American Ride“ на General Tire доаѓа во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Замислете си како огромен пикап се паркира пред некој клуб! Сите се вртат. Луѓето шепотат: „Што е ова?” Пикапот „Форд F150“ има огромни гуми, кои се сѐ уште малку калливи од неодамнешното теренско возење. Вратата се отвора. И Вие излегувате. Навистина! „Џенерал Тајр“ (General Tire), американскиот производител на гуми, Ви нуди уникатна можност да се возите во американски стил. Со „Форд F150“ пикап со гуми „Џенерал Тајр“.

„Џенерал Тајр“ e производител на гуми со повеќе од 100 години историја.
И тоа не каква било историја! Американска историја! Компанијата е специјалист за пневматици за теренско возење и произведува квалитетни гуми за возила со погон на сите четири тркала (4×4) – теренци, комбија и автомобили, за Вашите секојдневни авантури. Таа докажува дека можете да одите секаде, ако ги имате вистинските гуми. Нејзината цел е да ви понуди гуми што се движат побрзо, Ви нудат повеќе контрола врз возилото и траат подолго. „Џенерал Тајр“ е, исто така, и горд спонзор на настаните на „NASCAR Europe“.

Уникатното доживување ќе се случува на улиците на Скопје на 22 и 23 септември
За возењето може да се пријавите на www.gt-american-ride.com или да се качите во некое возило на „American Ride“ во центарот на градот од 11 до 16 часот или од 20 до 23 часот на локациите коишто се наведени на веб-страницата. Ако станете еден од оние коишто ќе имаат среќа да се возат во „American Ride“, Ве очекува уште едно изненадување. Ќе откриеме само дека ќе имате посебно друштво во автомобилот! Дали сте расположени за незаборавно селфи?

Дали е бесплатно?
Па, технички да, но учесниците ќе треба да споделат фотографија од нивното доживување со нивните пријатели на социјалните мрежи, користејќи го хаштагот #generaltire. Ако доживувањето е толку прекрасно, тогаш тоа не би требало да биде проблем, нели?