Амбициозен план на Lotus – вработија 200 инжинери за да го освојат светот

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот кинески производител на автомобили Geely Motors кој е мнозински сопственик на Lotus објави дека од оваа година ќе започне со производството на Lotus автомобили во својата фабрика во Кина. Сега, по само неколку планови објави дека за потребите на овој британски бренд вработени се 200 нови инжинери.

Со ова се потврдува амбициозниот план на Geely за брендот Lotus според кој треба да го направи најпродаван ултра спортски бренд. За таа цел со отворањето на нови производствени капацитети целта е да се зголеми годишното производство на 5.000 автомобили.

Исто така за следната година најавен е целосно нов модел кој ќе користи значително модификувана платформа од онаа постоечката која се користи кај актуелните модели од гамата, а до 2025 година се очекува во целост да биде електрифицирана понудата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK