AM, AZ, B, BY, CY… Кои европски земји ги означуваат овие регистарски кодови?

ОБЈАВЕНО НА:

Често на автопатиштата во Македонија, а особено во другите европски земји се среќаваме со возила чиј регистарски код односно ознака е за нас вистинска енигма.

AM, AZ, B, BY, CY се само дел од регистарските кодови за земјата кои ретко кој знае која земја ја означуваат. Токму оние најретките ќе ги претставиме во продолжение.

Кратенката АМ се однесува на возилата регистрирани во Ерменија. Доколку сретнете возила каде на регистарската ознака или налепница на возилото има AZ тогаш тоа е возило од Азербејџан. B е за Белгија додека за Белорусија се користи кратенката BY.

Добро е познато дека ознаката CH се однесува на Швајцарија, но CY ретко кој знае дека е за Кипар. DK е за Данска, а во Шпанија покрај ознаката E може да се сретнете и со CAT која се однесува на Каталонија.

Од името Cymru доаѓа и кратенката CYM која е воведена во 1932 година, а се однесува на Велс.  Териториите кои се под Велика Британија, а се наоѓаат надвор од Островот во кодот ги содржат буквите GB плус дополнителна една која го означува островот односно територијата. Така Z се користи за Гибралтар, J за Џерси.

Во поретките ознаки се и: LV (Латвија), LT (Литванија), IS (Исланд), IRL (Ирска), L (Луксембург), M (Малта), MC (Монако), NIR (Северна Ирска), RSM (Сан Марино), S (Шведска), SK (Словачка), V (Ватикан)…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK