Alibaba и SAIC лансираа нов бренд на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на електричните возила во Кина придонесува во оваа земја речиси да нема ден, а да не се појави некој нов производител или бренд на електрични возила.

Последен во низата производители е Zhiji Auto кој е создаден како плод на заедничката соработка на Alibaba и SAIC, а кој ќе го произведува брендот IM (“Intelligence in Motion”).

За почеток планирани се два модели: еден седан и еден кросовер. Првиот ќе биде премиерно претставен уште во април годинава во рамките на саемот за автомобили во Шангај, додека премиерата на кросоверот ќе следи следната година.

За седанскиот модел објавени се и неофицијалните фотографии. Она што го пренесуваат кинеските медиуми е дека располага со два електромотори кои заедно продуцираат 544 КС и 700 Nm, а забрзувањето до 100 км/ч изнесува 3,9 секунди.

Автомобилот е достапен и на погон на сите четири тркала, а со едно полнење на батеријата од 115 kWh ќе може да овозможи автономија од 874 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK