Alfa Romeo Alfetta преку Кина доаѓа во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Оживувањето на моделот Alfeta го најави сега покојниот Серџо Маркијоне. Сепак планот би можел да доживее мали измени.

Како што пренесуваат итлаијанските медиуми, моделот Alfetta ќе се најде наскоро во понудата на Alfa Romeo, но најпрво во Кина, а потоа и во Европа.

Според пишувањата, ова ќе биде првиот модел во кој во целост ќе учествуваат инжинерите на PSA Групацијата, а поради своите димензии најпрво ќе дебитира во Кина, а потоа во Европа. Комерцијализацијата на овој модел е планирана за 2023 година.

Инаку овој легендарен модел на Alfa Romeo се произведуваше во периодот од 1972 до 1987 година, а особено популарна е GT и GTV изведбата на овој модел која беше дизајнирани од страна на Џорџето Џуџаро.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK