Акција на Еуроимпекс: Новиот PEUGEOT PARTNER за само 136 евра месечно

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од прославата на 210 годишнината на Peugeot, генералниот увозник Еуроимпекс има нова комуникација со слоганот “2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!” . Овојпат можност да бидат среќни сигурно ќе бидат оние што имаат потреба од леснокомерцијално, или пак комерцијално возило.

Со цел да се задоволат специфичните потреби на клиентите – од корисник на возилото, до менаџери на возен парк – комерцијалната гама на Peugeot нуди различни верзии од моделите Partner, Expert и Boxer, прилагодливи на барањата на клиентот.

Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, креирано согласно своите барања и потреби, може да се обрати во Еуроимпекс, или кон овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на вашите барања.

Информативната пресметка која е формирана во моментов се заснова на конкретен пример за Comfort ниво на опременост и 1.5 BlueHDi мотор со 75КС, што значи дека при пресметка за Partner со други карактеристики, вредноста на месечната рата нема да се совпаѓа со наведената, е следната:

Peugeot Partner 1.5 BlueHDi / 75КС – Comfort ниво на опременост
Цена:11.822€ или 730.600 мкд (вредноста не е со вклучен ДДВ)

– Учеството изнесува 3.100€ или 191.580 ден.
– Годишната фиксна каматна стапка за финансирање во ЕУР е 5,5%, каматна стапка за правни лица.
– Плаќањето се врши на 84 рати
– Месечната рата која не вклучува ДДВ изнесува 136€ или 8.405 ден.

За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте ги преку следниов линк: https://peugeot.mk/tovarna-gama

Следете не и на:

24AUTO NETWORK