Акцент на изгледот: Ново видео од спортскиот Ford Focus ST (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку дена после објавувањето на првите информации и фотографии од новиот Focus ST, Ford пушти и ново видео од спортскиот автомобил, на кој особено е нагласен неговиот надворешен изглед.

Со специјално доработен дизајн, новиот Ford Focus ST е опремен со уникатни за верзијата алуминиумски 18 и 19 инчни бандажи, челна и долна решетка со изменет дизајн и дополнителни аеродинамични елементи, а тука е вклучен и нов заден спојлер.

Од компанијата предвиделе и дополнителен спортски пакет Performance Pack, кој ја надградува опремата и додава црвени апарати за сопирање.

Новиот Focus ST, ќе се нуди во избор меѓу еклузивните за серијата Performance Blue и Orange Fury, како и во Frozen White, Magnetic grey, Race Red, Ruby Red и Shadow Black надворешни бои

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK