Активисти најавија протести за време на саемот за автомобили во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на саемот за автомобили кој на 12. септември ги отвора вратите за посетителите во Франкфурт, стравуваат од евентуални протести.

Неколку активисти и граѓански групи најавија протести пред салата во Франкфурт и низ центарот на овој град. Дел од овие групи се посветени на еколошките проблеми и глобалното затолување, а токму автомобилите и ресурсите што се користат за нивно производство се едни од главните виновници за еколошката катастрофа, сметаат овие активисти.

На социјалните мрежи веќе постои група именувана како “Rocks in the Gearbox”, а германската полиција ја истражува истата поради оштетувањето на над 40 луксузни автомобили во Франкфурт изминативе денови. Самата група ја преземе одговорноста за вандилизрањето на бројни автомобили Jaguar, Landr Rover и Aston Martin кои се наоѓале паркирани пред дилерскиот салон во Франкфурт.

Најава за протести најавија и бројни антикапиталистички групи и поедини анархистички групи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK