Ако заминувате на одмор наполнете го резервоарот – од ноќеска поскапува горивото!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако деновиве планирате да заминувате на одмор, тогаш сега е вистинско време да го наполните резревоарот. Горивото до полноќ ќе се продава по стара цена. Регулаторната комисија за енергетика објави по кои цени ќе се продава истото оваа недела.

Цените бележат раст од 1,50 односно 1 денар во зависност од горивото.

Според денешната одлука на РКЕ за денар ипол се зголемува цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и тој ќе се точи за 68,50 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство бележат скок на цената за 1 денар односно ќе чинат 70,50 ден/литар,

ДИЗЕЛОР ќе биде 61,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 51 ден/лит.

Мазутот пак ќе се точи по цени од 34,849 ден/кг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK