Ако сликате сообраќајни незгоди може да ве казнат!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте сведок на сообраќајна несреќа логично е да помогнете, иако има и такви што прво се фаќаат за мобилниот и сакаат да направат снимка. И потоа истото да го постираат на социјалните мрежи. Но, ова однесување сега ќе биде казниво и ќе се обиде полицијата да го искорени. Ако веќе не помагаш, немој да гледаш сеир.

Полицијата во Англија, Германија и Франција започна да ги казнуваат сите оние кои сликаат сообраќајни незгоди. Тука пред сé се мисли на возачите кои додека возат посегнуваат по својот мобилен телефон.

Полицијата во овие земји смета дека сликањето е крајно неетичка и несовесна постапка па оттука одлуката за казнување на таква постапка.

Казните ќе бидат идентични како и кога се користи мобилниот телефон додека возите, а доколку сте упорни при сликањето и не ги почитувате сугестиите на полицајците тогаш можете да бидете и приведен во полициска станица.

Во моментов постои и иницијатива за казнување на ваквото дело во сите земји членки на Европската Унија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK