Ако патувате: Поскапеа патарините во Хрватска

ОБЈАВЕНО НА:

Од неделата почна наплатата на патарините во Хрватска според новите, сезонски цени што во просек се зголемени за 10 отсто. Но поскапувањето е само за категориите I и II, додека за возилата од III и IV категорија цените се исти.

Во првата категорија се мотоцикли и мотоцикли н атри и четири тркала, и возила со две осовини и со висина до 1,9 метри. Во втората категорија се моторни возила со две осовини, основа висина над 1,9 метри и најголема дозволена маса кој не минува 3.500 кг. Плус моторни возила со две осoвини, висина под 1,9 метри која влече приклучно возило независно од бројот на осовини и висината на приклучното возило.

Поради зголемениот број на туристи Хрватска воведува зголемување во текот на годишните одмори. Во овј период од годината се прават 40 отсто од патувањата и тоа е модел со кој се полни буџетот за одржување на патиштата. На некои делници во летото има и за трипати повеќе возила.

Од почетокот на годината на автопатиштата низ Хрватска минале околу 22 милиони возила, а биле собрани над 150 милиони евра од патарина.

За повеќе детали за цените на патарините во Хрватска можете да прочитате на следниот линк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK