Ако немате пари за нов: Ова е најдобриот половен електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan LEAF е избран за најдобар половен електричен автомобил за 2021 година. Оваа награда традиционално, секоја година ја доделува интернет сајтот electrifying.com, а е само една во низата која овој автомобил ја добива.

Џани Бакли, основачот на овој сајт по повод доделувањето на наградата изјави дека овој автомобил е многу исплатлив и водечки во сегментот на електрични автомобили во Велика Британија и покрај тоа што помина една декада од неговото лансирање.

Одличните перформанси на батеријата, продажната цена, но и цените за оддржување се причините зошто овој автомобил ја доби оваа награда.

Овој модел на јапоснкиот производител претходно ја доби наградата “Најдобар половен електричен автомобил на годината” од страна на What Car?, а Driving Electric му ја додели истата таа награда за минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK