ADAC направи тестови: Plug-in хибридите не се еколошки!

ОБЈАВЕНО НА:

Некои plug-in хибриди не се совршен компромис меѓу електричниот и конвенционалниот автомибил, а тоа го покажа и тестот на реномираниот германски автоклуб ADAC. Имено, некои plug-in хибриди во практика произведуваат чувствително повеќе СО2 од класичните хибриди, но и од други автомобили кои се споредуваат со бензин и дизел мотор. Тоа е случај дури и кога редовно се полни со струја и поголемиот дел од времето вози само на погон на електричен мотор.

ADAC тестираше 10 plug-in хибриди и ги спореди со конвенционалните верзии на истиот модел. Предвид е земена емисијата на СО2 од издувниот систем на автомобилот, но и СО2 кој е генериран со производство на струја на автомобили кои се наполнети.

Од десет тестирани plug-in хибриди само три модели се покажаа како штедливи и помалку штетни за околината во речиси сите ситуации. Четири тестирани автомобили се покажаа еколошки само кога во поголемиот дел од времето се возат на струја, а најлошите три се поголеми загадувачи со СО2 дури и кога автомобилот се вози 80% на струја, која се полни од штекер.

Најдобро на тестирањето поминаа Volvo XC40 T5, Peugeot 508 SW 1.6 Hybrid и Mercedes GLE de, додека апсолутно потрфлија Mercedes B-klase, BMW serije 3 и X5 во plug-in хибридни верзии.

Целосните резултати од тестот на ADAC можете да ги видите подолу во графичкиот приказ. Заштедата односно пониската емисија на СО2 во однос на конвенционалниот модел е искажана во позитивни проценти.

Со негативни проценти се прикажани вредностите кои се поголеми односно полоши во однос на конвенционалните модели. Со темно сива боја е прикажан односот на plug-in хибриди и конвенционалниот модел кога plug-in хибиите воопшто не се полни со струја од надворешни извори. Со светло сива боја е означен односот кога plug-in хибридот 50 проценти од патот го минува на електричен погон со струја од надворешен извор, а со жолта боја дури 80 проценти електрично возење.

Plug-in хибриди се автомобили кои користат бензински и електричен мотор и за разлика од класичните хибриди може да се полни со струја од надворешен извор. Сепак, во однос на електричните автомобили plug-in хибридите имаат многу помали батерии и реален опсех со едно полнење до околу 50 километри.

Кога батеријата ќе се испразни тие продолжуваат да работат како класични хибриди, но во себе влечат 100, 200, често и повеќе килограми тешка батерија што секако лошо се одразува на потрошувачката.

Сепак, мора да се признае дека ADAC не беше потполно коректен при одбирањето на моделот за споредба. Повеќето plug-in хибриди биле со чувствително поголеми сили и подобри перформанси од моделите со кои ги споредувале.

На пример BMW 330e има 292 коњски сили, a 320d само 190, a Peugeot 508 во хибридната верзија има 225 коњски сили, додека во бензинската 181 коњски сили. Исто така, во тестот предвид се зема само емисијата на СО2, а не и другите штетни работи и честички од ауспухот по кој дизелите, сепак, се многу полоши од бензинските plug-in хибриди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK